Македонија ќе ја продолжи Програмата за регионален економски развој (ГИЗ РЕД) уште две години, од јануари 2013-та до декември 2014-та, со два милиона евра поддршка од владите на Германија и Швајцарија. Во таа насока, во четврток во Скопје беше потпишана Спогодба за спроведување на Програмата, од страна на вицепремиерот Владимир Пешевски, амбасадорите на Германија и Швајцарија, Гудрун Штаинакер и Стефано Лазарото, министерот за локална самоуправа Тахир Хани и директорот на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) Џејмс Макбет Форбес. Обезбедување поголема ефикасност при спроведувањето на законската и институционалната рамка за рамномерен регионален развој, јакнење на капацитетите за регионално управување и регионален менаџмент во сите осум плански региони, како и подобрување на деловното опкружување преку обезбедување грантови за компаниите, се основните цели на предвидените активности во наредниот период.
Македонија ќе ја продолжи Програмата за регионален економски развој (ГИЗ РЕД) уште две години, од јануари 2013-та до декември 2014-та, со два милиона евра поддршка од владите на Германија и Швајцарија.
Во таа насока, во четврток во Скопје беше потпишана Спогодба за спроведување на Програмата, од страна на вицепремиерот Владимир Пешевски, амбасадорите на Германија и Швајцарија, Гудрун Штаинакер и Стефано Лазарото, министерот за локална самоуправа Тахир Хани и директорот на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) Џејмс Макбет Форбес.
Обезбедување поголема ефикасност при спроведувањето на законската и институционалната рамка за рамномерен регионален развој, јакнење на капацитетите за регионално управување и регионален менаџмент во сите осум плански региони, како и подобрување на деловното опкружување преку обезбедување грантови за компаниите, се основните цели на предвидените активности во наредниот период.
„Владата се залага за унапредување на развојот на сите региони во земјата. Рамномерниот регионален развој помага во создавањето еднакви можности за раст на економијата, креира нови вработувања, го подобрува образованието и обезбедува подобар животен стандард", рече Пешевски пред потпишувањето на Спогодбата.
Според него, рамномерниот економски раст меѓу регионите Владата настојува да го оствари со помош на соодветен фискален систем и инвестиции во повеќе сфери, инфраструктурата, училиштата, спортските објекти, болниците,...
ГИЗ РЕД Прогрмата почна во 2008 година со 5,6 милиони евра поддршка од Германската влада. Сега, со дополнителни 1,6 милиони се вклучува и Владата на Швајцарија па вкупниот буџет достигна 7,2 милиона евра.